Мијалков нуди еден милион евра за да излезе од Шутка

by fokus

Понуда вредна милион евра за да се отворат портите на Шутка за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е во рацете на судијката за претходна постапка.  За да излезе од притвор Мијалков понудил гаранција составена од три недвижни имоти, проценети на вкупно 1.092.000  евра дознава Телма од судски извори.

Од одбраната потврдија дека понудиле гаранции дека нема да бега, но не откриваат ниту каков имот се заложува, ниту дали е само во сопственост на Мијалков, или и на роднини и пријатели како што често знаат да понудат обвинетите во замена за слобода. Одлуката се очекува наредните денови.

Поврзани новости