488
Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев вечерва ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија.
Наградата за надобра новинарска сторија ја доби Бојан Блажевски, а добитник на наградата за најдобра аматерска фотографија е Александар Ристовски.
Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беа на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија беше на темата „Нашата различност, наша сила”.
Наградите ги доделија евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче. Наградата „Жан моне“ ја доделува делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за
етика во медиумите.