Името и фотографијата на младата Марија Брзакова која исчезна од семејниот дом во струмичко Босилово денеска се најде на листата на исчезнати лица на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.
Нејзината фотографија се појави дури по околу дваесетина дена од нејзиното исчезнување и пријавата во полицијата.
Како што пипшуваше веќе „Фокус“, Брзакова исчезна на 18 јануари, а нејзиниот сопруг пријави дека не се вратила дома три дена подоцна. Марија заедно со сопругот и својата тригодишна ќерка живееле во Швајцарија, а кога исчезна биле на одмор во Македонија. Освен во Македонија таа се бара и во Швајцарија, а кога излегла од дома не носела документи и била облечена во тренерки.
Ниту нејзиното семејство, ниту истражните органи не отркиваат повеќе детали за овој случај, освен дека се трага по Брзакова.
Се појавија повеќе фотографии од исчезната Марија, и во Швајцарија се трага по неа