Димитров: Нема да има успешен ЕУ Самит во мај, ако нема пробив во март

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување во емисијата 360 степени порача дека ЕУ Самитот во мај во Загреб нема да биде успешен, ако не се направи поместување за преговорите во март.

-Мојата задача е со предизвик, бидеќи имам две јавности: едната е македонската, другата е европската. Треба да давам аргументи и да градам притисок ЕУ да го исполни тоа што ни го вети. После овие искуства логично е да дуваме и на јогурт. Треба дома да сработиме, пред се законот за обвинителство и да ги редиме коцките како што треба. Нема да има успешен Самит во мај, ако нема пробив во март. Пред нас се редат елементите кои водат кон тој двоен успех, вели Димитров.

Поврзани новости