Димитров: Опозицијата во име на криминалот ја жртвува европската иднина на Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на 360 степени истакна дека е упатен во преговорите за законот за обвинителство, како и дека и ЕУ и САД се упатени.

Димитров вели дека ЕУ кажала дека сегашниот предлог на законот е добра основа, а опозицијата вели дека не е.

-Уште траат преговорите за законот за обвинителството. Има една голема збрка во јавноста во однос на овој закон. Суштината е следна: и Европа слушна за големите злоупотреби во прислушуваните разговори. И Европа рече за ова мора да има правна одговорност, па дури и на највисоко ниво. Целата битка е дека за нашата европска иднина битно е да има правна разврска на оваа плананина од индиции, обвининеја… Проблемот е што опозицијата не сака да има кривична одговорност. Европа вели, а и сите граѓани, да нема скриена амнестија, и политичарите да не кажуваат ова ќе се гони, она не. ЕУ и САД имаат директен увид во преговорите. ЕУ вели овој закон треба да се донесе и ова што е на маса е добра основа за консензус. Така вели и амбасадорката на САД. Европа бара одговорност, вели овој предлог е добра основа. На некој начин опозицијта не поддржува закон за кој Европа вели дека е добар. Меѓу интересот да почнеме преговори и да има одговорност за сите и меѓу интересот да нема пресуди, тие го бираат второто. Во името на криминалот, ја жртвуваат европската иднина на Македонија, смета Димитров.

 

Поврзани новости