ФОТО: Заев и Иванов го чекаат Папата

by fokus

Премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов се дел од македонската делегација за пречекот на папата Франциск.

Папата наскоро треба да пристигне на скопскиот аеродром.

Поради посетата на папата Франциск патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај од 7:30 часот до 9 часот.

Како што соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

Фотографии: Томислав Георгиев

Поврзани новости