(ФОТО) За првпат, ноќно скијање во Крушево

by Fokus

Ако некои места се подготвуваат за пролетта и летото, се чини дека тоа не важи и за Крушево, кој се уште е под снег и љубителите на зимските спортови имаат простор дополнително да уживаат овој период.

Изминатиот викенд, за првпат во Крушево имаше услови за ноќно скијање, откако патеките на месноста Станич светнаа под рефлектори.

Новиот снег ја продолжи зимската сезона во градот, кој се труди да излезе во пресрет на туристите, но истовремено да упати апел и да се почитуваат препораките поради зголемениот број на заразени од корона вирусот.

Овој новитет – ноќно скијање, беше поздравен на социјалните мрежи од многу луѓе ширум земјава и соседните држави, а очигледно овој проект ќе придонесе за дополнителен развој на туризмот во градот, но и финансиски профит за угостителските објекти.

Јорданчо Цветаноски

Фото: weekendinkrusevo.com

Поврзани новости