(ФОТО) Во Франција кралско семејство се – Лазарови!

by fokus

Францускиот ракометен клуб Нант вчера му приреди цела церемонија за испраќање во играчка пензија на еден од најголемите ракометари на сите времиња, Кирил Лазаров.

Во текот на настанот во чест на македонскиот ракометар, публиката во Нант носеше кралски круни, а Лазаров беше „прогласен“ за крал. На теренот излегоа и сопругата и децата на Кире.

Денеска ракометниот клуб Нант на социјалните мрежи објави фотографија од Лазаров на „тронот“ придружуван од своето семејство и напиша: Кралско семејство.

Поврзани новости