Алабаковски преместен во домашен притвор

by fokus

Основниот суд  во Битола ја прифати жалбата на бранителот на пејачот Ламбе Алабаковски и мерката ефективен притвор му ја замени со мерка домашен притвор. Алабаковски веќе е во својот дом, потврди за „Фокус“ неговиот адвокат Дарко Стефановски.

Пејачот  беше во притвор од вторникот откако беше осомничен дека ја запалил влезната врата на Клубот на Бугарите во Битола со спорното име „Ванчо Михајлов“.

Алабаковски во полиција го признал делото и рекол дека го направил од „патриотски причини“.

Поврзани новости