518
Велосипедот-скулптура кој беше поставен во близина на зградата кај Службен весник, денеска го снема од ширинката, а подоцна беше пронајден во близина на скопски локал.
Откако беше поставен со цел да се крене видливоста на проблемот со крадење на велосипеди, за кратко време истиот остана без седиштето и воланот.
Ова наиде на лавина критики на социјалните мрежи на љубителите на велосипедизмот, кои секојдневно се соочуваат со кражби на велосипеди низ Скопје и целата Македонија.