Заев му порача на Героски да се обрати во институциите: Нема што да разговара со мене

by fokus

Јас сум Зоран Заев кој помина поприлично семејни и лични трауматични процеси кога се борев против режим објавувајќи „бомби“ и партиципирајќи во Шарената револуција, јас сум истиот кој се бореше за вредностите на едно општество за сите на 27 април 2017 година, кога парламентарното мнозинство беше нападнато. Крварев, стоев на нозе и се борев, вака го започна одговорот премиерот, Зоран Заев, на новинарското прашање во врска со последната колумна на новинарот Бранко Героски кој најави нова серија текстови за корупција во власта и кој побара средба со премиерот, Зоран Заев.

Премиерот го искористи прашањето за да истакне дека Владата стои бескомпромисно во борбата против криминалот, а на новинарот Геровски му порача сите индиции за криминал да ги достави до надлежните институции.

-Борбата против криминалот и корупцијата во ниедна земја не била лесна. Тврдам дека ќе бидам прв меѓу најхрабрите во бекромпромисната борба против корупцијата и криминалот, но јас не сум истражен орган или обвинител, туку претседател на Влада која треба да овозможи услови за непречено одвивање на истраги без разлика на кого се однесуаат. Тоа го сфаќам релаксирачки, нема казна бесење, има затвор, секој кој се огрешил ќе си лежи – рече Заев.

Во врска со наводите за вмешаност на обвинителката Катица Јанева и високи владини функционери во аферата „Рекет“ тој порача да се почитува пресумцијата на невиност.

-Не смееме да правиме масакр врз луѓето. Новинарот Героски побара средба со мене, уште еднаш во духот на тоа што го кажав, има истражни органи, треба да оди таму да пријави. Сите документи ред е да оди да ги пријави во институциите. Јас не сум истражител, нема што кај мене, јас сум отворен и пијам кафе со секого, но на оваа тема нема што да разговара со мене, има органи каде што треба да пријави – рече Заев.

Поврзани новости