Заев: Мора да се бориме со дезинформациите, јас веќе користам нов број и апарат со безбедносен протокол!

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција ја презентираше низата мерки кои владата ќе ги преземе за решавање на проблемот со лажните вести и ширењето дезинформации, кои како што рече, сериозно влијаат во јавниот интерес.

„Дезинформациите се едни од главните предизвици на демократијата и алатка која се користи за манупулација на граѓаните. Македонија во изминатите години во повеќе наврати се соочи со ширење на дезинофмрации во медиуми и социјални мрежи. Поради тоа, владата работи на акциски план за справување на дезинформациите. Предлог-акцискиот план е сублимат на процеси. Тоа значи започнување нова фаза во спроведување со зафатите на демократијата, креирање нови безбедносни протоколои, надградба на безбедносните протоколи на сите службеници. Ќе ја зајакнеме внатрешната ИТ структура, со цел навремено спречување напади“, истакна Заев.

Тој додаде дека владата на својата официјална веб-страница ќе одговара на прашања на новинарите и граѓаните.

„Јас веќе користам нов број и апарат со безбедносен протокол. Проактивни мерки ќе бидат преземени за активна транспарентност со цел да се доближи работата до граѓаните. Ќе се создаде листа на документи и информаци, кои ќе треба да ги објавуваат и ажурираат. Владата на својата веб страна ќе одговара на прашања на граѓани и медиуми. Ќе спроведуваат едукативна програма за дезинформациите и нивното штетно влијание. Медиумската писменост ќе биде застапена во образовните програми а владата активно ќе ја поттикнува“, додаде Заев.

Поврзани новости