Во последните неколку години Стоматолошкиот клинички центар од врвна образовна установа се претвори во институција, која според обвинувањата на лекарите и медицинскиот персонал е веќе пред распад. Во медиумите веќе подолг период се пишува дека Стоматолошката клиника е со намален буџет, пренатрупана со партиски вработувања, а било кој од вработените јавно да го искаже своето незадоволство со соочува со закани за откази.
Во 2012 година, за време на штрајкот на лекарите кој траеше повеќе од 50 дена, вработените беа постојана мета на закани и притисоци од менаџментот на клиниката да прекинат да ја даваат поддршката на Синдикатот, да не излегуваат на протести затоа што можат да се соочат со последици на работното место.
„Фокус“ дојде до фотографии како во моментов изгледа Стоматолошкиот клинички центар – распаднати тоалети, скршени вц-шолји, разрушени ѕидови, лифт кој не функционира со години и сите пациенти кои доаѓаат со инвалидски колички и стари кои не можат да се качуваат по скали, ги носат на раце по горните катови.
Ирена МУЛАЧКА