(ФОТО) Прекрасни снежни пејсажи во Кавадарци

by Fokus

Првиот снег во Кавадарци синоќа го раздвижи градот. Голем број на граѓани излегоа да прошетаат по новата пешачка патека која води до Моклиште, уживајќи во прекрасните пејсажи.

За најмладите за време на викендот започнува со работа лизгалиштето и првите подготовки се во тек. Ќе функционира според протоколите за заштита од корона вирусот, а учениците од основните и средните училишта ќе можат бесплатно да се лизгаат.

Исто така, зимската служба на општината уште синоќа излезе на терени и со три возила за чистење на снег и посолување интервенираше во градот и во околните села.

Вики Клинчарова

Фото: РТК МК

Поврзани новости