Скопјанец тешко повреден од багер

by Fokus

Вчеравечер жител на Скопје бил тешко повреден од багер во селото Сопиште, при што веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

„На 14.01.2020 во 19.00 часот во СВР СКопје било пријавено дека во с.Сопиште, скопско, додека П.А.(30) од с.Ракотинци, скопско, управувал работна машина-багер, со скопски регистарски ознаки, машината се излизгала од коловозот и го повредила Т.А. од с.Сопиште, скопско. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости