Пендаровски: Палењето на бугарското знаме во Вевчани е недопустливо!

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскот карневал.

– Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, стои на фејсбук профилот на шефот на државата.

Осуда за чинот на палењето на бугарското знаме што се случи вчера за време на карневалот во Вевчани претходно изрази Министерството за надворешни работи, а Бугарија преку амбасадорот во земјава Ангел Ангелов упати остра вербална нота до нашето МНР.

Поврзани новости