982
На денешниот протест на Шарената револуција, Фокус забележа двајца полицајци во цивилна облека кои стоеја помеѓу демонстрантите како да се дел од нив, и притоа ги снимаа и сликаа.
Ова не е прв случај полицајци да бидат инфилтрирани меѓу граѓаните кои протестираат, а за еден од нив имаше и потврда од МВР дека тој е припадник на полициските сили. Заменик-министерот Чавков пред две недели дури и се закани дека се се снима. Но, тоа не ги исплаши демонстрантите кои тогаш порачаа дека не се кријат и не се плашат од ваквите притисоци.