(ФОТО) Петар Камиказа како Бате Геле: Ќе ги бришам тетоважите!

by Fokus

Фотографија од теретана, со истетовиран лик на премиерот Зоран Заев на срцето, а Димитар Апасиев на десната страна на градите, денес објави музичарот и поранешен кандидат за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа. -Ќе цртате некој друг, или? Имам намера да бришам тетоважите – пишува Георгиевски под фотографијата.

Тој појаснува дека сепак, не се истетовирал, туку се работи за фотомонтажа која била актуелна за време на предизборната кампања.

-Ова како мало потсетување на црната кампања. Ми го цртале за време на кампањата некои многу креативни ботчиња. Пак ја утнавте, а? – пишува тој. Тетоважи со ликови на политичари, не се реткост во земјава.

Како еден од најголемите поддржувачи на Сашо Мијалков, уште пред повеќе од десет години, штипјанецот познат во јавноста како Бате Геле, го истетовира неговиот лик, но и ликот на неговиот син.

Раскажа дека Мијалков многу му помогнал во време кога му била потребна помош за лекување, па затоа и се решил за тетоважите. И во Неготино голем поддржувач на Никола Груевски, го истетовира неговиот лик на градите. Запрашан зошто го направил тоа, ни одговори дека сака Груевски да си го носи секаде со себе, од преголема почит, па дури и кога ќе почине, во гроб ќе замине со тетоважата на неговиот политички идол.

Лани пак, кавадарчанец го истетовира ликот на актуелниот градоначалник Митко Јанчев, а под ликот беше испишано – Мито е Тито.

Вики Клинчарова

Поврзани новости