Оставка, Убијци, долу Влада, извикуваат насобраните граѓани, на протестот кој пред малку почна пред Владата на Македонија. Во знак на револт, откако вчера излегоа снимки на кои се гледа суровоста и монтираниот процес против Бошкоски, денеска голема група граѓани организирана преку социјалните мрежи, протестира.
Полицијата засега мирно го надгледува развојот на настаните, но како што јавува нашиот известувач, тензијата е се поголема.