529
Демонстрантите од пред канцелариите на СЈО се упатија кон зградата на Агенцијата за вработување. Тука немаше полиција, па дел од граѓаните ја прескокнаа оградата и успеаја на фасадата да остават печат од Шарената револуција.
Претходно, тие застанаа пред ЕУ Инфо центарот, каде беше соопштено дека ДИК денеска официјално изјавила дека има пречки за одржување на избори на 5-ти јуни. Граѓаните ова го прогласија како мала победа на Шарената револуција.
Демонстрантите вечерва протестираат против социјалната неправда и лошите политики за вработување.
Крајна дестинација ќе им биде Министерството за економија.