ФОТО Мијалков пристигна на судењето за проневера на државни пари преку набавката на опрема за прислушување

by Fokus

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков пристигна на судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Трезор“ за набавка на опрема за шпионирање, каде што е првобвинет.

Покрај Мијалков во случајот се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.

СЈО сомнички тројца екс функционери од УБК и еден од МВР за проневера на вкупно 862.045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење преку низа договори и анекси за набавка на опрема за шпионирање и нејзино одржување.

Злоупотребата почнала од 2010 година кога првите тројца осомничени заминале во Велика Британија каде што договориле набавка на опремата.  Но, наместо директно да биде склучен договор со британската фирма, се јавува фирма посредник- Финзи ДООЕЛ Скопје, преку која увозот бил фактуриран  за неколкукратно повисока сума. Потоа дале задача на сведок на СЈО кој исто така бил вработен во МВР да спроведе постапка за набавка, но без да го примени законот за јавни набавки.

Поврзани новости