ФОТО Мијалков и Јанкулоска пристигнаа во суд за масовното прислушување

by Fokus

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пристигнаа во суд за случајот „Таргет-Тврдина“, каде што се обвинети за масовното прислушување.

Освен нив, меѓу обвинетите се и поранешните началници во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски, за кој е одобрена екстрадиција од судот во Солун каде се наоѓаат во притвор.

Во овој случај меѓу обвинетите е и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на ексдиректорот на УБК, Мијалков.

Според обвинението за „Таргет“, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

В.В.

Поврзани новости