Договорот за добрососедствo влегува во бугарскиот Парламент

by Fokus

Ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија денеска влегува на разгледување на две парламентарни комисии во бугарскиот Парламент, што Владата го поднесе на 8 ноември лани.

Денеска Предлог законот за ратификација најпрво ќе го разгледа Комисијата за надворешна политика, а потоа Комисијата за европски прашња и контрола на европските фондови.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Поврзани новости