751
Сопругата на претседателот на САД, Доналд Трамп, Меланија секогаш внимава на својот изглед и постојано е одлично стилизирана а со својата појава секогаш го привлекува вниманието.
Таа и Доналд Трамп присуствуваа на традицијата на преземање на елката, која се негува од 1960 година.
За таа прилика, таа избра црна бола и чизми со високи потпетици, а најмногу внимание привлече нејзиниот капут со цветен дизајн. За оваа креација, првата дама издвоила 3.000 евра.