Холандската полиција уапси маж осомничен за нападот со нож во Хаг

by Fokus

Холандската полиција вечерва соопшти дека уапсила маж осомничен за вмешаност во вчерашниот напад со нож во Хаг во кој беа повредени три лица.

– Еден 35-годишен маж е уапсен во центарот на Хаг, соопшти полицијата на Твитер, додавајќи дека лицето, чиј идентитет не се открива, немал постојан престој.

Вкупно три лица беа повредени во напад со нож што се случи вчера во главната трговска улица во Хаг.

Нападот се случи на прометна улица каде што жителите на градот масовно купувале на попуст поради таканаречениот Црн петок.

Поврзани новости