ФОТО: Коце на плоштадот Скедербег се фотографираше пред двоглавиот орел

by Фокус

На скопскиот плоштад Скендербег синоќа се одржа првата вечер на настанот Супер Скопје, под покривителство на Град Скопје, на кој настапија албанскиот пејач Гена, српската изведувачка Гоца Тржан, македонската група Саф…

На настанот присуствуваше и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој беше фотографиран со дел од изведувачите и посетителите, при што дел од фотографиите го овековечиле „градскиот татко“ пред мозаикот на плоштадот со мотиви од албанската историја, а се гледа и албанското знаме.

Како и да е, засилените активности на Трајановски со средините во мешано или доминанто албанско население се толкува во контекст на претстојните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да привлече албански гласови, но пред се да се спречи што поголем број на Албанци да гласаат за кандидатот на СДСМ.

 

Поврзани новости