ФОТО: Рама во патики го пречека Заев и другите лидери во Западен Балкан

by Фокус

Албанскиот премиер Еди Рама продолжува со неконвенционален дрес-код да се појавува на официјални средби од меѓународен карактер.

Откако неодама се појави со спортска маица, адидас-тренерки патики на вечерата што високата претставичка на ЕУ во Брисел ја организираше за лидерите на земјите од Западен Балкан, тој во сличен стил, со бели спортски патики, денес ги пречека и лидерите на Западен Балкан на состанокот во Драч, на кој присуствува и македонскиот премиер Зоран Заев.

На овој состанок, на кој ќе се зборува за интеграцискиот процес и продлабочувањето на регионалната соработка, присуствуваат премиерката на Србија Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа, како и комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светската банка за Европа и Азија Сирил Милер.

Поврзани новости