455
Демонстранти приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ веќе се пред Собранието каде протестираат, но не е јасно против што. При повикот за контра-протестот, Аледксандар Пандов од ГДОМ рече дека ќе протестираат против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски, одлука на претседателот Иванов. Оттука, нејасно е зошто протестот е пред Собранието.
Контра-демонстраните извикуваат „ВМРО,ВМРО“, како и „Никола, Никола“. Тие со автобуси беа донесени од повеќе градови, меѓу кои и Штип и Охрид.