(ФОТО) Груевски „обесен” како Тито во oсновно училиште

by fokus

На ѕидовите на новата сала за состаноци во основното училиште „Крсте Петков Мисирков”  во село Бистрица, урамен, гордо се исправи престедателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ова го тврди Комисијата за образование на СДСМ, од каде предмалку објавија и фотографии од „уметничкото дело”.

На нив се гледа Груевски, поставен сам на еден ѕид, додека на другите висат македонски револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански.  Освен, лидерот на партијата, во канцелариите се поставени и знамињата на ДПМНЕ.

За реновирањето пробавме да ги прашаме за коментар во училиштето, но не одговараа на нашите повици. На телефон ја побаравме и директорката на училиштето Јованка Трајчевска, но нејзината мајка ни рече дека не е дома. Побаравме нејзин мобилен телефон, но не знаше да ни го каже.

И. К.

15107420_347644902262004_784456792420389928_n

15095650_347644945595333_2856844051795475323_n

Поврзани новости