Партиите од понеделник почнуваат со митинзи

by fokus

Политичка кампања стартува во понеделник и ќе трае до 9 декември на полноќ. Партиите ќе имаат дваесет дена организирање на митинзи и средби со граѓани, а потоа почнува изборниот молк.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кампањата ќе ја започне традиционално во Охрид, СДСМ и коалициските партии во Прилеп, а  ДУИ во Липково.

Претходно, коалициите и политичките партии кои ќе учествуваат на изборите ќе потпишат Кодекс со кој ќе се обврзат за фер и демократски изборен процес.

Поврзани новости