555
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска држел состанок во училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Брњарци во општина Гази Баба. Се шпекулира, дека на состанокот биле повикани само членови на владејачката партија, па градоначалникот им објаснувал дека снимките што ги објавил лидерот на СДСМ, Зоран Заев се монтирни.
Останува нејасно, зошто Трајановски средбата не ја одржал во партиски штаб, туку во училиште, што е спротивно на законот, бидејќи на тој начин училиштето се злоупотребува за партиски цели?
„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со скопскиот градоначалник, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.