718
Струшките противпожарни екипи и локалното население од претпладнево водат битка со пламените јазици кои беснеат на струшката депонија. Битката со пожарот започнала денеска околу 11 часот, дознава Плусинфо.
Според извори од СВР Струга, засега е непозната причината за пожарот. Пожарот, потпомогнат од ветрот се шири долж депонијата. Густиот чад веќе започнал да им прави проблеми на жителите на околните села.