Едукативна програма на ЕВН за доближување на енергетиката до најмладите

by Fokus

: ЕВН Македонија еднаш во годината ги отвора вратите за децата на своите вработени. Првиот работен ден по завршувањето на школската година, околу 200 деца пристигнаа на работните места на своите родители. Цели 8 часа минaa во просториите каде што нивните родителиработат и заедно со другите деца се дружеа, едуцираа, правеа експерименти, сезабавуваа.

Едукативната програма „Со децата на работа“ во која учествуваа децата на вработените од сите оддели и Кориснички енерго центри во земјава се одвиваше на повеќе локации, во централните оддели и во неколку корисничките енерго центри на ЕВН. На централниот настан во Скопје, програмата ја промовираше претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер.

„Овој настан се организира по втор пат. Првиот настан беше -Со ќерките на работа. Бидејќи нашата компанија дава важност на еднаквиоттретман, оваа година го организиравме настанот -Со децата на работа. Целта е децата да добијат идеја за тоа што работат нивните родители, да разберат како тече еден работен ден и колку за тоа треба има одговорност. За нас како возрасни, е многу важно да се потрудиме да не заборавиме на ентузијазмот и уживањето што сме го имале како деца и истото да го примениме и на работа,“ изјави г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Децата беа поделени според 3  возрасни групи и  учествуваа во практични експерименти за создавање електрична енергија. Тие произведуваа електрична енергија од  лимони, бакарни парички и изработуваа ветерници од пластични чашки и цевки. Работниот ден учесниците од другите градови од Македонија го завршија со заедничко дружење со родителите, а во Скопје имаа можност да го посетат и изложбениот центар на ЕВН Македонија на Матка.

 

 

Поврзани новости