Штипјани реагираат на мизерните услови во болницата: Директоре, би примиле ли терапија овде?

by fokus 23:05
23:05

Мачилиште од минатите векови или реална слика од дваесетипрвиот век во здравствена установа, е нешто што најпрвин се запрашавме кога загрижени граѓани ни ги доставија фотографиите од Клиничката болница во Штип. На нив, како што раскажуваат, може да се види целата беда на нашето здравство.

Тврдат дека истите се направени во одделението за физикална терапија во склоп на Клиничката болница во градот пред неколку дена, а истото функционирало и доаѓале пациенти од речиси цела источна Македонија.

- Advertisements -

,,Сакаме овие фотографии да допрат до новата власт и конечно да се преземе нешто. Нека ги види и целиот свет, а посебно директорот на болницата. Би го запрашале дали тој некогаш воопшто го видел ова, и би се согласил ли да прима терапија во овие услови?” – штипјани јавно го прашуваат директорот Александар Стојановски.

Ова не е прв пат во јавност да се објават хорор фотографии од штипската болница.

Лани ,,Фокус” објави фотографии од гинеколошкото одделение од Клиничката болница во Штип, кои што не се разликуваат многу од сегашниве, направени во физикалното одделение, каде што се гледа катастрофалната состојба на болницата.

Во мај годинава, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров вети дека Штип ќе добие нова современа болница до крајот на 2018 година. Рече дека изградбата е започната и е во напредна фаза. Исто така, потенцираше дека инвестицијата за овој објект е 56 милиони евра заедно со опремата што ќе се вградува внатре и со опремата во вредност од 10 милиони евра која што е веќе била набавена, ќе направи оваа болница да стане една современа, модерна клиничка болница која ќе биде место каде ќе се лекуваат штипајни, но и жителите од поголем дел од овој регион.

Тој тогаш се пофали дека во изминатите четири – пет години се вработени 153 лица медицински кадар, а на специјализацја или субспецијализација испратени се пет доктори од различни области на специјализација како гинекологија, анестизиологија, кардиологија и друго.

Револтирани штипјани прашуваат дали, додека се чека новата болница, треба да молчат за сегашните услови, и да се надеваат дека евентуално, нема да фатат некоја бактерија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости