413
Исландската пратеничка Унур Бра Конрадсдотир додека држеше говор од собраниската говорница го доеше своето едномесечно бебе.
Пратеничката од десноориентираната Партија за независност за доењето кое беше пренесувано и на телевизија рече најприродна работа на светот.
Таа додаде дека тоа воопшто не му пречело на бебето, напротив, ќе му пречело ако престанала да го дои додека зборувала.