(ФОТО) Филипче го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, претпладнево го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце.

Синоќа, првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор.

„Трансплантацијата е успешна. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта. Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“, порача министерот Филипче.

Поврзани новости