Фото: Димитриев не даде исказ во СЈО, бара увид во доказите

by fokus

Емил Димтриев, поранешниот технички премиер пред малку ги напушти просториите на Специјалното обвинителство.

Димитриев за медиумите кратко изјави дека во СЈО бил повикан во својство на осомничен и дека денеска не дал исказ, туку побарал увид во доказите по што дополнително ќе се произнесе пред обвинителите.

Тој беше повикан во СЈО да даде исказ како осомничен во случајот „Талир“, каде за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени 14 лица за перење пари од кои 9 лица како директни извршители и 2 како помагачи.

Во овој случај е осомничен лидерот на партијата Никола Груевски и сите генерални секретари во партијата од 2009 до 2015 година, меѓу кои и Димитриев, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Осомничени се и директорите на центарот за комуникации, а оваа функција долги години ја имаше Илија Димовски, додека во 2015 година на ова место дојде Иво Котевски.

B.B.

Поврзани новости