Емил Димитриев пристигна во СЈО за случајот „Талир“

by fokus

Поранешен технички премиер Емил Димитриев, како и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, претпладнево во 11 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде според информациите треба да даде исказ во врска со случајот „Талир“.

Димитриев во СЈО пристигна со адвокатот Никола Додевски кој ги застапува поголемиот дел од осомничените во случаите што ги води СЈО.

Првоосомничен во случајот е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски. Случајот „Талир“ се однесува на истрага за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости