2.1K
Со задоцнување од речиси еден час започна конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за претставување на кандидатите за градоначалници.
Конвенцијата со новиот слоган „Новата ера почнува“ како водител ја отвори Дарко Мијалковски.
Се очекува реакција од ДИК, бидејќи почетокот на изборната кампања е во понеделник, а ВМРО-ДПМНЕ два дена порано ги презентира своите кандидати и програма.