(ФОТО) Чулев „фатен“ со службено возило на средба со граѓани во Долно Лисиче

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва, во екот на изборната кампања во земјава, бил на средба со граѓани во Долно Лисиче, Скопје.

Како што пренесува „360 степени“, тој бил на средбата со службено возило, а бил придружуван од најмалку уште едно возило на МВР.

Службените возила може да се забележат и на една од фотографиите од настанот. Според информациите, станува збор за „шкода супер“ и за „ауди 6“.

Поврзани новости