Рушити: Верувам дека еден премиер Албанец би бил подобар од сите досега што биле!

by Fokus

Носителот од Алијанса за Албанците во петтата изборна единица, Сурија Рушити во изборната дебата на ТВ21 истакна дека премиер Албанец би бил подобар од сите досега.

„Јас исто така сум Албанец од оваа држава кој би бил среќен и задоволен да видам еден Албанец премиер, бидејќи јас сметам дека Албанците имаат доволни капацитети за да имаат и премиер Албанец. Дури верувам дека еден премиер Албанец би бил подобар од сите до сега што биле, но кога со еден ваков предлог се излегува во очи на кампањата, ова за жал е манипулација“, порача Рушити.

Поврзани новости