Трамп: Лична одлука е носењето на маска

by Fokus

Американскиот претседател, Доналд Трамп верува дека одлуката за носење на заштитна маска е личен избор на секој поединец.

„Лична одлука е дали некој ќе носи маска. Тоа е избор на секој поединец за таквата одлука во врска со заштитната опрема“, порача портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани.

Таа додаде дека Трамп ги охрабрува луѓето да донесат каква било одлука што е најдобра за нивната безбедност.

Поврзани новости