(ФОТО) Боја за Министерството за правда

by Фокус

На вечерашните протести во боите на Шарената револуција повторно “блесна” Министерството за правда.

Скандирајќи „Робија за мафија”, граѓаните на даден знак ги фрлија шарените балони, па продолжија кон Собранието.

Денешниот протест се одвива под мотото “За конечно повлекување на Иванов”.

Демонстрантите носат главна парола „Нема да ви помине”, со која и вечерва ќе порачаат дека не прифаќаат селективна правда и ќе бараат целосно поништување на аболицијата.

13277905_10209501852528181_827974865_n

13275838_10209501756365777_986761020_n