442
Откако претходно ја офарбаа зградата на Агенцијата за вработување, демонстрантите со шаренило го обележаа и Министерството за економија.
Фрлајќи со балони со боја, тие скандираат „Лопови” и пеат „Шутка не ти бега Никола”.
Еден од демонстрантите се обрати и рече дека никогаш не биле поблиску до слободата.
На вечерашниот протест граѓаните го изразија револтот против социјалната неправда и лошите политики за вработување.