ДИК бара одложување на изборите и измени во Изборниот законик

by Фокус

Државната изборна комисија ќе побара од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски измени во Изборниот законик поради несразмерност на изборните единици.

Според податоците од актуелниот избирачки список, бројот на гласачи во шестата изборна единица е многу поголем од бројот на гласачи од изборните единици еден и два. А според Законот за избори, бројот на гласачи во сите шест изборни единици треба да биде приближно ист и не смее да отстапува со повеќе од пет проценти помеѓу две изборни единици.

Ова барање е уште еден чекор за политичките партии под притисок на меѓународната заедница да го одложат датумот на избори и да се свика Собранието.

Инаку, на денешната седница, ДИК одлучиле и дека нема услови за одржување на избори во дијаспората затоа што се пријавиле помалку гласачи (5.343) од потребниот минимум од 6.500 гласачи.

Поврзани новости