504
Откако вчера Шарената револуција ја посети претседателската резиденција (барем најблиску до каде беше отворен патот), денеска стигна и пред зградата на поранешниот премиер Никола Груевски. И таму имаше силно полициско обезбедување и кордон специјалци.
На улицата каде се стационираа демонстрантите поставија портрет од Никола Груевски на кој пишување „Мафија“. Потоа, портретот беше гаѓан во балони со боја и прскан со боја.