Сено за коњот на Филип II: Се грижиме за роднината на Букефал

by Фокус

Бала со сено за коњот на Филип Втори оставија вечерва демонстрантите од Битола, пред споменикот на античкиот владетел на плоштадот Магнолија.

Оваа акција следува откако денеска денеска група пензионери со црево со вода го чистеа постаментот од боите на „Шарената револуција“.

– Донесовме сено за роднината на Букефал – рече еден од демонстрантите

Битолчани кои протестираат против аболицијата на градоначалникот Владимир Талески велат дека и тие сакале да покажат како се грижат за коњот на античкиот крал.

Поврзани новости