Божиновски тврди дека е невин и oчекува укинување на притворот

by Фокус 20:02
20:02

Од притворот  во Шутка новинарот Зоран Божиновски денеска беше донесен на распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка и даде исказ за случајот „Шпион”.

Тој ги негирал сите обиненија кои му се ставаат наз товар, притоа појаснувајќи дека делата за кои што тој се сомничи се случиле во период кога тој бил надвор од земјава.

- Advertisements -

Адвакатот Петровски потврдува дека судот, пред три дена, го отфрлил неговото барање за укинување на мерката притвор за Божиновски, но верува дека по завршување на истрата притворот ќе биде укинат, а дека тоа може да се случи до крајот на овој месец.

Божиновски минатиот месец беше уапсен во Нови Сад, врз основа на меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“,  и веднаш беше екстрадиран во Македонија.  Тој во случајот „Шпион“ се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Поврзани новости