Форумот на слободумни патриоти упати апел до претседателот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш да ги објави „бомбите“ за сторен криминал на високи функционери и да престане да ја држи јавноста како заложник. Од форумот соопштуваат дека објавувањето на прислушувани разговори, а и од друга страна, конфузијата што ја создавале одредени медиуми, доведувало до се’ поголема поделба на граѓаните како и до загриженост за безбедноста.
Слободоумните патриоти сметаат и дека снимките од прислушувани разговори на новинари, судија во Апелационен суд и сопруга на поранешен и во тоа време актуелен министер за правда, ги потврдиле забелешките извештајот на Европската комисија дека не постои независно судство.
-Загриженоста е уште поголема што истиот тој поранешен судија во овој момент е ангажиран во кабинетот на претседателот на Република Македонија – се вели во соопштението на Форумот.
Форумот на слободумни патриоти го основаа дел од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Иван Соколов, Владимир Змејковски, Јове Кекеновски и Љупло Алексовски.