Формирани се работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија

by Fokus

Владата на оваа своја четврта седница го донесе Решението за назначување на ко-претседавачи и членови во Заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Бугарија на нашата земја.

За ко-претседавачи во Заедничката меѓувладина работна група за економија, трговија и иновации се назначени Фатмир Битиќи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските политики и инвестиции, а за членови се определени Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, а членови на комисијата треба да назначат и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за надворешни работи, Фонд за иновации и развој, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенција за промоција на туризмот, како и Министерството за економија за делот на енергетиката.

Поврзани новости